Цените на памукот скокаат, дали доаѓа крајот на големите шопинзи

17 октомври, 20100

Зависниците од шопинг нема да се чуствуваат добро, откако цените на памукот рапидно растат. Поплавите во Пакистан и Кина оваа година уништија околу 2,5 милиони хектари со памук, а тоа е 25 проценти од светскиот принос. Аналитичарите предвидуваат дека една обична памучна маица која пример сега чини 9,5 евра, ќе поскапи за 1,2 евра до крајот на годината. Поскапувањето на памукот моче да наговести и промена во производството на ткаенини. Досега удобната и ефтина памучна гардероба може да стане луксуз во иднина. Популарните светски ланци на гардероба како, H&M, Левис веќе најавиле поскапување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *