Фајнејшл тајмс: Неизвесна судбината на еврото

29 декември, 20100
euro-exchange-rate-fluctuates

Лондонскиот “Фајнејшл тајмс” во денешниот број пишува за неизвесната судбина на заедничката валута на 16 земји членки на Европската унија и констатира дека еврозоната ја “преживеала” 2010 година и предвидува дека истото ќе се случи и во текот на иднтата година. Меѓутоа, весникот наведува дека прашањето е каква ќе биде ситуацијата на еврото при крајот на идната година и истакнува дека во “евроленд” ќе следува нова криза. “Најверојатно ќе бидеме сведоци на нова криза, бидејќи некои банки и земји членки на ЕУ ќе мораат да ги репрограмираат своите долгови”, пишува лондонскиот весник. Дури и ако еврото ја “преживеало” идната година и понатаму ќе било извор на политички, економски и финансиски нестабилности, како за еврозоната така и за целиот свет, се наведува во ФТ. Европските политички лидери оваа година ветија дека, како што кажаа ќе направат се за да го спасат еврото. Но, тие не одговорија на прашањето што тоа конкретно значи, тврди ФТ и заклучува дека тоа ќе се дознае во текот на идната година.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi