Хаос на протестите во Франција

19 октомври, 2010

Франција вчера беше тотално парализирана, како последица на протестите на неколкуте синдикати кои демонстрираа против реформите кои владата сака да ги смени во пензискиот систем. Во неколку француски градови полицијата морала да употреби и солзавец за да ги растера демонстрантите. Се тврди дека хаосот го предизвикале средношколците кои се приклучиле кон демонстрациите. Во центарот на Париз и Лион средношколците дошле во судир со полицијата и мавале со камења.