Хилари Клинтон слетува во 3 часот, ќе ја чуваат 4.800 полицајци.

11 октомври, 2010

Главната тема на разговори меѓу државниот врв и Клинтот ќе бидат преговорите меѓу Белград и Приштина, европската интеграција на Србија и добрососедските односи на Балканот. Хилари Клинтот ќе има состаноци само во Нов Белград, со претседателот Борис Тадиќ и други високи претставници од Србија. Се претпоставува дека таа ќе побара од српските власти што побрзо да ги започнат преговорите со Приштина, но истовремено ќе ја поддржи европската интеграција на земјата. Американскиот државен секретар ќе слета на аеродоромот Никола Тесла во 15 часот, од таму делегацијата на САД ќе се упати кон Палатата Србија, каде ќе се одржат состаноците, кои прво ќе започнат со претседателот Тадиќ, а ќе завршат со министерот за одбрана на Србија.