Најбогатиот Кинез има 12 милијарди долари

30 септември, 2010

Најбогатиот Кинез има 12 милијарди долари, станува збор за Cong Kinghou, сопственик на компанија за безалкохолни и млечни напитоци “Vahaha”, објави вчера кинескиот весник „Hurun”, кинески еквивалнет на американскиот „Forbs”. Зад него на листата се наоѓа познатиот крал на фармацијата во Кина Li Li со 6 милијарди долари, а третото место е за дамата Zang Jin со 5,6 милијарди долари, чија компанија се занимава со рециклирање. Според наводите на кинескиот весник најбогатиот кинез во својата компанија вработува повеќе од 30.000 луѓе, а оваа година очекува профит од 1,5 милијарди долари. најинтересно е што сега најбогатиот кинез минатата година беше на 12 место, и за една година скокна на првата позиција на милјардери во Кина.