Полицаец прегази три девојки, а брзата помош усмртила една од нив

19 октомври, 20100

Руски полицаец кој возел во алкохолизирана состојба, удрил три девојки, а потоа возилото на брзата помош кое возело позади усмртила една од девојките, јавува Москва. Во близина на Томск, полицаецот откако ги удрил девојките, возачот на брзата помош не го приметил телото на едната од нив на улицата, ја прегазил при што, погинала на лице место. Останатите две девојки се хоспитализирани и се вон животна опасност. Несрежите кои се предизвикани од припадниците на полоцијата во Русија не се реткост, пред два дена во Курск, полицаец исто така во алкохолизирана состојба прегазил 16 годишно девојче и побегнал од местото на несреќата. Во април оваа година, московски полицаец кој бил пијан усмртил мајка и нејзината 9 годишна ќерка. Русија е една од најлошите земји во поглед на сигурноста на сообраќајот, пред три години извештајот на WHO изнел податоци дека 36 илјади луѓе во Русија го загубиле животот во сообраќајни несреќи, а 36 проценти од нив биле пешаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi