Полицијата го држеше Евадорскиот претседател како заложник

30 септември, 2010

Припадниците на еквадорската војска го ослободија претседателот Rafaela Koreu, кој полни 12 часа беше блокиран во зградата од болницата. која ја имаа опколено полицајците кои беа незадоволни од одлуките на владата околу мерките за штедење, укинување на нивните бенефиции и запирање на унапредувањата. Претедателот се најде во болница, откако полицајците го повредија додека се обиде да разговара со нив. Драмата започна кога 47-годишниот претседател, кој е левичар излезе директно да им се обрати на незадоволните полицајци за време на протестот. На него беше фрлен канистер со солзавец, кој експлодира непосредно до неговата глава. Подоцна претседателот се вклучил во живо на телевизија, каде изјaви дека во земјата се воводеува вонредна состојба, бидејќи опозицијата со помош на војската се обидела да нанесе државен удар. “Киднапираниот” претседател, подоцна бил ослободен и однесен во неговата палата, од каде им се обратил на приврзаниците порачувајќи им дека тоа било тажен ден за Еквадор.