Викиликс ги објави документите: Саудијците барале напад врз Иран

slobodan28 ноември, 20101min00

Интернет страната Викиликс сепак објави повеќе од 250.000 тајни документи пратени од американските дипломатски преставништва, кои се занимаваат со актуелните глобални проблеми. Бидејќи страната е под постајан напад, документите ги доставиле до “Њујорк тајмс“, “Гардијан“, “Ел Паис“, “Де Шпигел“ и “Ле Монд“.
Документите содржат извештаи од арапските земји, меѓу кои и оние од Саудиска Арабија во кои од САД се бара напад на Иран и укинување на нивната нуклеарна програма. Во еден извештај се наведува дека Иран е фашистичка земја и дека итно треба да се преземат нови мерки. Во документите исто така се споменуваат многу светски државници. На пример за Владимир Путин се вели дека е “алфа мажјак“, а за германската канцеларка Ангела Меркел дека е некреативна и дека избегнува ризици. Се споменува и недолично однесување на еден член на британското кралско семејство.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma