Водителот кој стане милионер кој беше пронајден мртов во својот дом на први март оваа година, наводно настрадал откако нешто тргнало наопачки за време на соло секс игра. Водителот бил пронајден од страна на негова пријателка. 32 годишниот Digby кој бил хомосексуалец бил пронајден со пластична канта на глава и се претпоставува дека се има задушено до смрт, бидејќи британските власти изјавиле дека траги на насилство по неговото тело немало. Тој страдаше од болеста дислексија која беше и причина да учествува во многубројни добротворни цели. Водителот славата ја постигна со своите шоуа, Living In The Sun, House Swap и Buy It, Sell It, Bank It.