Мало тигарче во торба со плишени играчки

23 септември, 20100
tiger-toy

Царинските службеници на аеродромот во Банког – Тајланд открија издрогирано бебе – тигар во патната торба на една жена, која била полна со плишени играчки. На проверката на Х-зраците, во багажот на 31-годишната жена се покажало биењето на срцето на тигарчето и другите органи. На местото биле повикани експерти со цел да проверат за што станува збор, бидејќи најпрво се сметало дека се работи за мачка, но подоцна идентификувале загрозен вид на тигар. Властите ќе прават ДНК тестови за да се открие потеклото на тигарчето, дали е уловено во дивина или е од одредено одгледувалиште. Организациите кои се борат против пренесување на флора и фауна од земјата, ракоплескаа на успехот на царинските службеници и предупредија дека ваквите случаи покажуваат дека има потреба од постојан мониторинг и построги казни за прекршителите. Малото тигарче е згрижено во спасувачкиот центар на одделот за национални паркови, диви животни и растителни конзервации. Жената чие име не беше објавено, била испрашувана од полицијата за крајната дестинација каде што требало да стигне животното и се чека на нејзината казна за неуспешното шверцување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *