10 најпознати мафии во светот

5 октомври, 20100

Јамајкански Британци – Се работи за Јамајканци кои во 1950-тите години емигрирале во Велика Британија. Тие биле вмешани во многу банди и насилства и станале познати како “Yardies“. Биле вклучени во организирана трговија со дрога и оружје. Никогаш не успеале да се инфилтрираат во правниот систем на државата, па затоа не се сметаат за силна мафијашка група, за разлика од другите.
Албанска мафија
Оваа мафија се состои од голем број на криминални организации, кои се со седиште во Албанија. Активни се во САД и скоро во сите европски држави. Албанската мафија интернационално започнала да се шири во текот на 1980-тите години, а се верува дека организираниот криминал во Албанија постоел уште од 15-ти век. Оваа мафија во САД и Велика Британија се повеќе доминира во трговијата со луѓе и дрога, како и оружје. Познати се по одмазда.
Српска мафија
Српската мафија оперира во повеќе од десет земји, меѓу кои Германија, САД, Велика Британија, Франција и други. Тие се вклучени во различни криминални активности, како шверц со дрога, договори за ликвидација на луѓе, коцкарници, кражби. Има три поголеми групи, Воздовац, Сурчин и Земун, кои контролираат помали банди и групи. Моментално во Србија оперираат околу 30 до 40 криминални групи.
Израелска мафија
Израелските мафијаши работат во многу земји низ светот, најмногу со дрога, оружје и проституција. Денес, оваа мафија е немилосрдна и не размислува два пати пред убивање. Руско-Израелската мафија беше многу добро навлезена во политичкиот систем на САД, а американските сили не направија значаен прогрес во сопирање на нивните дејствија.
Мексиканска мафија
Мексиканската мафија е една од посилните затворски банди кои постојат во САД. Започнала да функционира во доцните 50-ти години, со цел да ги заштити мексиканските затвореници од останатите, како и од офицерите во затворите. Вклучени се во трговија со дрога и изнуди. Оваа мафија брои над 30.000 членови ширум САД. Членовите многу често на своето тело имаат тетоважа од некој препознатлив национален симбол, како вкрстени ножеви или круг во пламен. Се вели дека постојат околу 150 затвореници кои имаат авторитет да нарачаат убиство, а околу 2000 членови можат да ги извршат овие наредби.
Јапонска мафија
Јапонските јакузи се национална криминална група која користи закани и изнуди, за извршување на своите криминални дела. Нејзиното потекло е откриено во 17-ти век. Членовите на оваа мафија се препознатливи по тоа што си ги сечат деловите од малите прсти и им ги нудат на лидерите, во знак на искупување или извинување. Некои од членовите се истетовирани по целото тело со традиционални симболи. Мафијата има 110.000 членови, од 2500 семејства. Вклучени се во заштита на проектили, оружје, увоз на нецензурирана порнографија од Европа и Америка, проституција и илегална имиграција.
Кинеска мафија
Кинеската Triads се состои од голем број криминални организации кои се базирани во Кина, Малезија, Хонг Конг, Тајван, Сингапур, Њујорк, Лос Анџелес, Сиетл, Ванкувер и Сан Франциско. Нивниот организиран криминал вклучува кражби, договори за убивање, трговија со дрога, изнуда, пиратерија. Почнале да делуваат во 18-тиот век, но тогаш биле нарекувани Tian Di Hui. Секоја од овие криминални кинески групи може да брои од 50, па до 30.000 членови. Денес, се повеќе се поврзуваат и со фалсификување на кинеската валута.
Колумбиска мафија
Колумбиските наркокартели се формирани главно за контролирање и трговија со дрога. Оперираат во поголем број држави во Јужна и Северна Америка. Тие имаат и многу организации кои се занимаваат со политички, воени и правни аспекти на картелите. Најголеми картели се Кали картелот, Меделин картел и Норте дел Вале. Исто така, тие се вмешани во огромен број на киднапирања и тероризам.
Сицилијанската и Американската Коза Ностра
Оваа мафијашка група е релативно нова. Започна да функционира во втората половина на 19-тиот век, но и покрај тоа што се млада мафија, имаат огромни способности да планираат големи злосторства и најчесто, да се извлечат од истите неказнети. Таа е вклучена во заштита на проектили, трговија со дрога и оружје, посредување на криминални бизниси. Има релативно мал број на членови, од 3500 до 4000, но бројот на соработници однадвор им е огромен. За да се стане член, мора да се подлежи на традиционален обред и најчесто треба да се изврши убиство, за новиот член ја докаже својата вредност. Секој член мора да го следи кодот за молчење.
Руската мафија
Руската мафија потекнува од Советскиот сојуз и сега има влијание во целиот свет. Таа содржи помеѓу 100.000 до 500.000 членови. Вклучени се во криминал во многу земји, како Израел, Унгарија, Шпанија, Канада, Велика Британија, САД, Русија. Голем дел емигрирале во Израел, Америка и Германија, со користење на еврејски или германски идентитети. Нивните активности вклучуваат трговија со дрога и оружје, трговија со луѓе, бомбашки напади, порнографија, интернет измами. Едно од нивните основни правила е никогаш да не се соработува со властите. Ако било кој од членовите издаде или даде информации за мафијата додека е заробен, веднаш по ослободувањето ќе биде ликвидиран. Се верува дека се една од највандалистичките мафијашки групи, кои се повеќе вршат терористички активности, трговија со органи, луѓе и договори за убиства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *