Човек во Индија голтна змија поради облог од 2 долари

25 септември, 20100

Индиец ја измами смртта после голтање на отровна змија, за облог од само 2 долари. 35 годишниот Завер Ратход од источниот дел на Гујурат го убил рептилот фрлајќи камења по него, откако гризнал еден од неговите другари. Неговите пријатели го провоцирале да ја изеде змијата за 100 рупии т.е. 2,42 долари. Меѓутоа, веднаш после тоа паднал и бил пренесен во болница со тешки мачнини и гадења во стомакот. Лекарите успеале да му ја отстранат содржината на отров од змијата пред да навлезе во крвта, за да не доведе до фатални последици по неговиот живот. Храбриот Индиец успеал да ги избегне новинарите и медиумите кои го чекале пред болницата за да земат изјава од него, а лекарите не изјавиле за каков вид змија се работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *