24 февруари, 2020

Радио

Невнимателноста на 25 годишниот ко-пилот предизвикала општа паника во еден авионите на авиокомпанијата Air India Express, кој се движел од Дубаи кон Индија. Додека пилотот бил во тоалет, ко-пилотот сакајќи да го прилагоди своето седиште несакајќи стиснал на едно копче, со кое предизвикал пад на авионот. Авионот се спуштил 2000 метри надолу, и уште 5000 метри додека пилотот успее да се справи со испаничениот ко-пилот. Настанала паника помеѓу патниците, паѓале кутии и шишиња од сите страни. Меѓутоа, пилотот набрзо успеал да го стабилизира летот и ја смирил целата паника, по што авионот слетал нормално без повредени.

Остави коментар

Почетна // Забава // Шоубиз // Има ли пилот во авионот?
Горе