Кид Рок дејствувал во самоодбрана

5 октомври, 20100

Познатиот музичар и екс сопруг на Памела Андерсон сведочеше за тепачкaта што се случила во еден ресторан. Тој признал дека разменил тешки зборови со друг гостин, но дека не започнал физичка пресметка додека не бил испровоциран. Музичарот, чие вистинско име е Роберт Џејмс Ричи, сведочеше дека лицето Акинс ја навредило жената која била во негово друштво и го прашувал за поранешната жена, Памела Андерсон. Акинс пак, изјавил дека повеќето од пријателите на масата од спротива ги познавал и дека не знае зошто тој ден Кид и друштвото му се нафрлиле. И двајцата признаа дека биле во пијана состојба. Кид Рок испил повеќе од шест пакета пиво пред пристигнувањето во ресторанот и го славел одбележувањето на неговиот нов албум, кој бил број еден на листите. Акинс призна дека имал конзумирано марихуана и неколку чаши коњак. Тој поднесе тужба против Кид Рок и бара 6000 долари за медицински трошоци и штета. Кид изјавил дека Акинс на овој начин се обидува да заработи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi