Кучињата може да го надушкаат ракот на белите дробови и дојката

8 ноември, 20100

Во еден истражувачки центар во Калифорнија, направено е едно истражување со кое е дојдено до заклучок дека кучињата може да го намирисаат ракот. Истражувањата покажаа дека откривање на ракот на овој начин е можно дури и во некоја порана етапа на болеста која е невозможно да се утврди со медицинските помагала. Добро истренирани кучиња можат со душкање да го откријат ракот на белите дробови или дојката, што е речиси ефективно како скенерот.Факт е дека оваа идеја е необична за откривање на симптомите на болеста, но зачудувачки е фактот дека во здивот на пациентите со оваа болест има траги од хемикалии. Од друга страна, други истражувања покажаа дека кучињата се способни да ги детектираат овие хемикалии во многу мали, речиси немерливи количини. Во истражувачкиот центар биле земени лабрадори, португалски пудлици и биле обучувани неколку недели. Тие преку здивот на болните го дијагностицирале ракот. Зачудувачки е што ни сопствениците на кучињата, ниту истражувачите кои вршат експерименти, знаат кој примероци доаѓаат од здрав човек, а кои се мачат. По испитувањата се утврдило дека реакцијата на кучињата е точна, тие изреагирале со одредена реакција токму на болните луѓе. Сега се прават испитувања да се утврди дали тие можат да ги осетат само ракот на бели дробови, дојката, на кожата или можат да осетат и неко други болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi