Митови за мачињата и кучињата

2 декември, 20100

– Кучињата не препознаваат бои. Тие гледаат и распознаваат бои, утврдиле ветеринарните офталмолози. Можеби не како луѓето, но сепак ги препознаваат и ги гледаат пурпурните, сините, сивите тонови. Тие гледаат исто како луѓето кои имаат проблем да ги разликуваат зелената и црвената боја.
– Кога мачката паѓа, секогаш паѓа на нозе. Тоа не е вистина. Мачката има развиено способност да се дочекува на нозе при скок, но кога таа би паднала од навистина голема висина, тогаш ни паќањето на нозе нема да го ублажи падот, секако ќе има повреди.
– Кучето е болно, доколку носот му е сув и топол. За ова постојат и научни аргументи кои го негираат овој мит. Тое нема апсолутно никаква врска со здравствената состојба на животните.
– Кога кучето мафта со опашката, значи дека е среќно. Ова е уште еден мит. Кучето мафта со опашката кога е среќно, но мафта и кога има други емоции, кога е напнато, растревожено, агресивно, преплашено. Разни истражувања покажале дека, кога кучето е само не мафта со опашката па колку и да било среќно.
– Една годна на кучето е исто како седум човечки. Но, пореалното пресметување изгледа вака: 1 год на кучето- 15 год на човекот, 10 год на кучето- 56 год на човекот, 20 год на кучето- 98 год на човекот.
– Мачките предат зашто се среќни. Исто како што кучињата не мафтаат со опашката само за да покажат среќа, така и мачките не предат кога се среќни. Предат, секогаш кога ќе доживеат некоја посилна емоција.
– Мачките гледаат во темнина. Кај мачките само повеќе се шират зениците во темница, што дозволува да навлезе повеќе светлина отколку кај луѓето. Инаку мачките не гледаат така добро во темнина како што постои верување.
– Кучињата јадат трева кога ги боли стомакот. Има два типа на кучиња. Оние кои јадат трева во мали количини, додека шетаат и кучиња што неконтролирано јадат трева, па потоа повраќаат од големата количина, а не дека имаат проблеми со стомакот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi