Моќни и славни двојки

26 септември, 20100

Ненси и Роналд Реган – Се венчаа во 1952, 29 години пред да се преселат во Белата куќа, но продолжија да си пишуваат љубовни писма и да ја изразуваат својата љубов во јавноста. Ненси се бореше за напреднати истажувања за алцхејмеровата болест од која боледуваше нејзиниот сопруг, дури и по неговата смрт во 2004 година.
Ворен Бити и Анет Бенинг – Нивната сторија звучи како љубовен блокбастер, преубава глумица се среќава со згоден глумец на сет на еден филм, па продолжуваат во тајна романса, за да тивко се венчаат една година подоцна. Имаат четри деца и мирен живот за едно холивудско семејство.
Ози Дејвис и Руби Ди – Дејвис и Ди беа најкомпактната двојка која се појавила, со стотици песни, книги поеми, филмови, претстави, бидејќи истите ги пишуваа пееа или пак танцуваа низ целиот свој живот заедно.Нивниот брак започна во 1948 и заврши со смртта на Дејвис во 2005.
Џеки и Џек Кенеди – Фотографијата е снимена некаде во 1953 година, во нивните млади години, за време на нивниот меден месец. И покрај нивниот краток брак останаа во историјата како најзабележителна двојка во светот.
Џун Картер и Џони Кеш – Поголеми и од животот нивниот живот е најубаво изразен во филмот од 2005 година, Кеш мораше да направи многу работи за да ја придобие Картер како негова сопруга, и од кога таа прифати останаа заедно до крајот на животот. Од кога Картер почина во Мај 2003 година, Џон буквално неможеше да живее без неа, тој умре истата година во Септември. Еден од нивните најубави дуети се појави во албумот At San Quentin.
Марија Шривер и Арнолд Шварценегер – Калифорниската љубов во која еден демократ се заљубува во демократка, со која се венчаат во 1986 година, и ја оставаат на страна неговата кариера во акциони филмови и започнуваат фамилијарен бизнис, во трката за гуврнер на калифорнија во 2003 година. Во едно итервју таа има кажано, не гледајте на него како на републиканец, туку како човек кој го сакам и ако тоа не успее, тогаш гледајте како на човек што може да ве уништи.
Сем Шепард и Џесика Ланг – Оваа двојка исто така ја има една од подолгите романси која сеуште опстојува. Тие се запознаа на снимањето на филмот Франчез во 1982 година, имаат ќерка и син, и продолжија да живеат среќно. Оскаровци и разни други награди и признанија за нивната глума и пишување.
Том Круз и Кејти Холмс – иако цел Холивуд беше скептик за нивната врска дека ќе биде долга, тие се венчаа ја добија ќерката Сури, најфотографираната ќерка на познат пар и живеат прекрасен живот. Многумина ја осудуваа и за нивната приврзаност кон скентологијата, но едноставно до нив ништо не допира и функционираат беспрекорно.
Деми Мур и Ештон Качер – Иако оваа двојка уште на почетокот беше осудувана на пропаст бидејќи таа има 48 години, а тој 32, денеска излезе дека после 5 години вонбрачно блажество, тие успеаа да одржат пријателски односи со нејзиниот екс сопруг Брус Билис и нивните деца. Нивната љубов била пред се, па за неа зборуваат отворено и на Twitter социјалната мрежа, на која постојано постираат колку се заљубени.
Никола Саркози и Карла Бруни – Тој се разведе од неговата втора жена и стапи во брак со исконската убавица на Италија, која веќе имала славни мажи во својот живот како Ерик Клептон, Мик Џегер. Но таа уште на стартот покажа дека како сопруга на претсетаделот политиката нема да ја свати како шала и веднаш се вклучи во хуманитарни организации, подобрување на образованието и борба против сидата.
Барак и Мишел Обама – Тие не би биле ништо доколку не се среќни еден со друг изјавуваат во секое интервју, можеби најмоќната двојка во светот. Претседателот на Америка има изјавено за Vanity Fair, дека тој ужива со неговата сопруга, која ја познава премногу добро, но истовремено е мистична на некои начини. И токму во тоа чудно чуство на мистерија и блискост, е изградена неверојатна доверба и блискост мешу нив, а истовремено и предизвик за изненадувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi