Најдобрите места за живеење по пензионирањето

24 октомври, 20100

Луѓето различно ја замислуваат живеачката по пензионирањето. Некои одлучуваат никогаш да не се преселат од своите родни домови, а други сонуваат за преселба во странство и да ги поминат своите златни години на егзотични места. Следните 10 локации нудат комбинација од атрактивен начин на живот и добра вредност за парите.
1.Југозападна Франција – скоро во текот на целата година има пријатна клима, блиску е до Британија и затоа повеќето британски пензионери одлучуваат да се преселат токму на ова место. Оние за кои парите не се проблем најчесто купуваат домови на Азурниот брег, но се поголема вредност и шармантно место е Лангедок.
2.Флорида – е огромна држава со голем број на екслузивни места, особено на Мексиканскиот Залив. Добрата клима, сонцето и океанот се секогаш добар избор.
3.Ле Марк, Италија – не толку запоседнато место од туристи како во другите делови од Италија, Ле Марк регионот на Јадранскиот брег, нуди преубави планини, песочни плажи и прекрасно сонце. Се што посакувате од Италија го добивате овде. Имотот е далеку поефтин одколку во Тоскана.
4.Австралија – е една од земјите со англиско говорно подрачје кое нуди неверојатен релаксирачки живот. Можеби има потешкотии во добивањето виза, разни процедури за пензија и регулирање на приходи и капитал, но секогаш се исплати, затоа и многу жители на Англија решаваат токму по пензионирањето да се преселат во оваа земја. Купувањето на имот е најдобро во Викторија и Новиот Јужен Велс.
5.Тајланд – тропски температури, прекрасни плажи, ниски трошоци за живот, пријатни луѓе, убава и здрава храна е доволно за живеење на ова егзотично место. Избегнувајте го Банког бидејќи е многу загаден град, но продолжете да барате и сигурно ќе го најдете домот од сништата, како најшармантни места се островот Koh Samui и планинскиот град Chiang Mai.
6.Антигва – не толку скап како Барбадос, овој остров на Карибите е исто така познат по неговите убавини. Имате можност да избирате бидејќи постојат повеке од 300 плажи и нема никогаш да почуствувате монотонија. Зачинетата локална храна дополнително ќе ги задоволи вашите вкусови.
7.Канарски острови – тие ги имаат сите климатски погодности, преубави плажи, но слаб развој. Како најатрактивни и интересни острови се Lanzarote и Fuerteventura, кои изобилуваат со неверојатна флора и фауна и фантастични пејсажи.
8.Кипар – исклучително добри туристички услови но и даночни олеснувања за оние кои сакаат своите златни години да ги поминат тука. Топли и пријатни лета, благи зими, морски специјалитети и многу повеќе од овој остров можете да извлечете. Доколку несакате да бидете покрај плажите имате и прекрасна алтернатива во Troodos планините.
9.Еквадор – оваа дестинација сигурно никогаш немаше да ја размислите, но ретко кој е запознаен со оваа јужно американска земја и нејзиниот висок рејтинг во интернационалниот магазин за живот која е одбрана во првите 10 земји за добар живот. Земјата е со извонреден географски спектар, од прекрасни плажи до симпатични мали селца во Андите. Трошоците за живот се исклучително ниски.
10.Мароко – откако до оваа дестинација се стига по исклучително ниски авионски превоз, е се понаселена и преплавена со туристи. Во текот на целата година има сонце, специфична храна и ниски трошоци за живот. Дарежливиот даночен режим за жителите од странствои минимум бирократија кога станува збор за купување имот, што ја објаснува популарноста како топ дестинација по пензионирањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi