Нови факти за возењето

26 октомври, 20100

Нови факти за возењето
Американците возат по три трилиони милји секоја година, или во космичка смисла тоа е околу половина светлосна година. И покрај тоа што земјата има сообраќајна култура со децении, технологија, сепак следниве неодамнешни откритија зборуваат за тоа колку американците се лоши возачи.
Пишувањето смс пораки додека возите – од 2002 до 2007 година, пишувањето смс пораки додека се вози, е причина за 16141 несреќи и жртви во сообраќајот во Америка според студија на Универзитетот во Северен Тексас. Во Америка се верува дека пишувањето смс пораки додека се вози е новиот начин на возење во алкохолизирана состојба и дека мора да се превземат казнени закони против оваа појава.
Марихуаната: помалку опасна за возачите отколку што се мислеше предходно?
Една студија од Хартфорд во Конектикат болницата и на Универзитетот во Ајова, покажа дека пушењето марихуана нема речиси никакво влијание врз способноста за возење. Единственото нешто што е потврдено од тестирањето е тоа што, возачите под дејство на марихуана возеле побавно, додека со алкохолот скоро во сите случаеви се возеле доста побрзо.
Лошто возење е наследно – луѓето со посебни генетски варијанти, каде што спаѓаат 30% од американците, се помалку вешти во возењето според Универзитетот на Калифорнија. Овој процент на луѓе имале потешкоти во возењето, правеле повеќе грешки и заборавале многу побрзо откако ќе наушеле нешто.
Играњето видео игрици како “Grand Theft Auto” може да ве направи полош возач – Возењето во видео игрите може да пренесе небезбедност и во реалниот сообраќај, според истражувачите на една колеџ студија, се покажало дека адолесцентите кои играат видео игрици, речиси два пати е поверојатно да бидат застанати од полицијата за непрописно возење.
Можеме да земеме неколку совети од мравките – Тие неможат да имаат автомовили, но армијата од мравки се едни од најефикасните патници во светот. Истражувачите на однесувањето на животните и инсектите откриле дека мравките патуваат преку патеки, нешто слично како автопати, со добро дефинирани правила на патот. Тие со сите соработуваат вели Том Вандербилт, автор на книгата Сообраќај. Спротивно на тоа индивидуалноста кај луѓето и чуството да се биде супериорен во секој поглед па и на патот, ќе ви предизвика уште повеќе проблеми во сообраќајниот метеж.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi