Почина актерот Лесли Нилсен

28 ноември, 20100

Познатиот актер Лесли Нилсен почина во 85-тата година од својот живот. Американскиот филмски и телевизиски актер, ѕвезда на серијалот “Гол пиштол“ и “Има ли пилот во авионот?“ починал во својот дом во Флорида како последица од воспаление на белите дробови. Состојбата му се влошила во последните два дена. Покрај него било семејството, сопругата Барбари и пријателите. Актерот бил хоспитализиран пред две недели. Неговите пријатели изјавиле дека не ни сакал да оди во болница, туку се шегувал дека не ни знае што е тоа. Својата кариера Нилсен за почнал уште во 50-тите години на минатиот век.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi