Титаник го јаде бактерија

8 декември, 20100

Речиси 100 години поминаа откако прекуокеанскиот патнички брод Титаник, удри во санта мраз и потона во Атлантикот. Титаник сега се соочува со нов непријател, а тоа е бактерија која го нагризува железото. Научниците уште во август оваа година, откриле бактерија која го нагризува железото на бродот. Новооткриениот микроб е наречен Halomonas titanicae, ја нагризува руината која е останата од бродот, оставајќи зад себе само прашина, известуваат истражувачите од Меѓународниот весник за систематска и еволуционистичката микробиологија. Со ова кршот од “Титаник” би можел да исчезне од океанското дно далеку побргу отколку што се очекуваше. Henrietta Mann од универзитетот Халифакс, Нова Шкотска, уште во 1995 изјавила дека на Титаник му дава 30 години опстојување на дното на океанот, но денеска се испоставило дека него ќе го снема многу побрзо. Таа овие денови изјавила дека од Титаник ќе остане само дамка од рѓа. Научниците од Dalhousie и универзитетот од Севиља, Шпанија нашле бактерии во потонатиот брод од “Титаник”. Бактериите личеле на сталактити, само што тие се порозни и водата може да поминува низ нив. Локацијата на потонатиот брод Титаник остана мистерија повеќе од 70 години откако потона. Во 1985 година, заедничк американско-францускат експедиција го пронајде бродот 329 милји југоисточно од Њуфаундленд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi