15 септември, 2019

Радио

Секаде во светот, оставањето бакшиш е познато како начин на заблагодарување на некој за неговата извонредна услуга. Всушност, во многу случаи тоа стана главен извор на приходи за луѓето кои работат во услужни дејности. Оставањето бакшиш е посебно поттикнато кога личноста се чувствува премногу задоволно или импресионирано од дадената услуга. Еве неколку примери на ѕвезди кои оставиле повеќе од вообичаениот бакшиш за услугата која ја добиле.
1.Џони Деп – 4000 долари
Џони Деп, ѕвездата на Пиратите од Карибите, оставил огромен бакшиш од 4000 долари на келнер во ресторан во Чикаго. Келнерот кој го добил е Мохамед А. Секани, а Деп стана број еден оставач на бакшиш од познатите личности во светот. Во други две пригоди, Деп оставил бакшиш од 1.500 и 2.600 долари во други ресторани.
2.Чарли Шин
Познатиот американски актер оставил бакшиш од 200 долари на секој келнер посебно, после роденденската прослава на неговата ќерка во еден локален ресторан. Исто така, тој е познат по оставање бакшиш од 100 долари во еден од локалните салони за убавина.
3.Џулија Робертс
Неодамна, кога Џулија била на ручек во Венеција со две пријателки од нејзината индустрија, во знак на благодарност оставила бакшиш исто толку колку што изнесувала и сметката. Се вели дека секогаш кога Џулија оди во ресторан, остава бакшиш колку 100% од сметката.
4.Дејвид Бекам
Можеби сте слушале за дарежливи оставачи на бакшиш, но сигурно не сте слушнале за смешни оставачи. Бекам оставил бакшиш од 1000 долари за сметка од 100 долари. Тој и неговите колеги ја славеле победата на Манчестер Јунајтед во барот Јоксер Дејли и таму го оставил големиот бакшиш. Еден од келнерите изјавил: “Дејвид пиеше само минерална вода и даваше автограми на секој што ќе побараше. Јас го прегрнав силно, а нему воопшто не му пречеше“.
5.Бил Мареј
Американскиот актер е многу дарежлив во оставање на бакшиш во ресторани. Кога и да оди во ресторан, остава бакшиш колку што е целата сметка.
6.Хулк Хоган
Хулк Хоган е секогаш среќен кога остава голем бакшиш на келнерите во ресторан. Не само што остава бакшиш, туку секогаш одвојува време да разговара со персоналот, потпишува автограми и се фотографира со нив.
7.Парис Хилтон
Неверојатно, Парис Хилтон важи за една од најдаражливите кога станува збор за бакшиш. Таа не е дарежлива само во рестораните, туку и кога оди на маникир, кај стилист, фризер и многу други компании за услуги.
8.Дру Кери
Се вели дека американскиот комичен актер секогаш остава бакшиш од 100 долари во рестораните. Тој се смета за еден од најдарежливите во рестораните кои ги посетува.
9.Мајк Тајсон
Без разлика каде оди, Мајк Тајсон ужива во оставање и по стотици долари бакшиш на давателите на услуги.
10.Ричард Дрифус
Овој американски актер имаше углед на скржавец кога станува збор за бакшиш. Но, од неодамна се чини дека тој всушност е прилично добар во тоа. Во една прилика тој заглавил во ресторан, со цел да помогне во чистењето на нередот направен од неговите деца за време на вечерата.

Остави коментар

Почетна // Забава // Шоубиз // Топ 10 бакшиш оставен од ѕвездите
Горе