Триесет години од смртта на Џон Ленон

6 декември, 20100

Утре навршуваат 30 години од смртта на легендарниот член на “Битлси”, Џон Ленон. По тој повод денеска илјадници фанови запалиле свеќи во неговиот роден град Ливерпул и во Њујорк, оддавајќи му почит на славниот музичар, пренесуваат светските медиуми. Ленон беше убиен во атентат, а неговиот убиец Марк Дејвид Чепмен се уште се наоѓа во затвор каде ја отслужува доживотната казна. Вдовицата на популарниот “Битлс”, Јоко Оно изјавила дека не би сакала сторителот на злосторството никогаш да биде пуштен.
Прераната смрт на музичарот имаше големо влијание врз неговата популарност и ширење на идеите на пацифизмот, а неговите фанови и денеска се собираат на местото каде е убиен за да му одадат почит. На ова место се наоѓа мозаик на кој пишува “Имеџин”, насловот на една од најпопуларните песни на Ленон што ја напишал по заминувањето од “Битлс”.
Во последнте три децении, музичарот бил во центарот на вниманието на многу манифестации од родниот Ливерпул до Њујорк.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *