Грицкате чипс или морков?

22 септември, 20100
carrot

Истражувањата покажуваат дека скоро 95% од луѓето секојдневно јадат еден оброк во вид на лиснато пециво, крофна или чипс. Таквите оброци не ви се потребни, затоа треба да одберете поздрави намирници. Повеќето индустриски производи содржат шеќери, соли, заситени масти, подобрувачи на вкусови и разни адитиви кои треба да ги замените со нешто друго. Храната која е поквалитетна и поздрава бара малку повеќе труд, но затоа е похранлива.
Свежо овошје и зеленчук – замена за грицки. За подобрување на вкусот со овошјето и зеленчукот користете суво грозје, лешници или бадеми. Сендвичи да, но здрави. Практикувајте сендвичите да ги правите од интегрален леб, повеќе зеленчук, ниско масно сирење или кашкавал, премази од соја, кикирики и сусам. Интегрален леб со рибни филети, свежа пиперка и домат, може да биде идеална комбинација. Од газираните пијалаци немате никаква корист. Проблеми во организмот не се јавуваат само од храна, туку и од пијалаците. Најчесто тие содржат конзерванси, вештачки додатоци, шеќери и многу калории. Водата, особено изворската, треба да е основен напиток на секоја единка. Потрудете се газираните да ги замените со природни сокови и чаеви, а доколку сакате да ги засладите, наместо шеќер употребете мед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi