Јадете риба но, не пржена

26 декември, 20100
Grilled Fish Entree in Barcelona

На листата за здрава храна се набројува овошјето, зеленчукот, рибата но, дали се препорачува пржената риба. Не, барем според последните резултати од една студија која вели дека и луѓето кои јадат два пати неделно риба но, пржена имаат потенцијал да доживеат мозочен удар. Препораката е да се јаде два пати неделно риба но, внимавајте и на начинот на нејзиното приготвување. Храната е голем фактор за мозочен удар но, и за многу други болести. Високиот холестерол може да предизвика блокирање на крвните садови кои го хранат мозокот, прегладнети нервните клетки на кои им е потребен кислород, срцеви заболувања, и слично. Истражувањето покажало дека луѓето кои јадат пржена риба два пати неделно имаат 32 % поголеми шанси да доживеат мозочен удар. Начинот на приготвување на рибата може да предизвика да се загубат корисните масла, кои рибите ги содржат. На пример масните риби како лососот, кои се богати со омега-3 масни киселини, ги губат корисните масла при пржењето. Затоа рибата приготвувајте ја на друг начин, печена, со многу малку масло за јадење, варена или на скара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *