17 септември, 2019

Радио

Мирис, храна, пијалак, дрога или уред, за кои некои тврдат дека најчесто можат да ја поттикнат или зголемат сексуалната желба. Во суштина, афродизијаците го подобруваат сексуалниот перформанс. Но за среќа на вашиот паричник, денес имаме природни афродизијаци, со други зборови нешта кои сигурно веќе ги имате во вашата кујна. Огнена храна за предигра. Зачини: чили, кари и сите оние зачини кои се поттикнувачи на потењето, се верува дека даваат ефект на зголемување на сексуалната желба. Размислете за тоа бидејќи зачинетата храна ни го зголемува чукањето на срцето и предизвикува потење. Затоа, подгответе пилешко со кари и уживајте во зачинетиот секс. Остриги: можеби сте зачудени што ги гледате на листата, но ако не сте знаеле, остригите се употребувани како секс помагала со векови. Тие се многу богати со цинк и луѓето ги јаделе за да се подобри нивното севкупно здравје, а тоа ќе доведе и до зголемување на сексуалниот нагон. Кавијар: рибините јајца содржат многу витамини, фосфор и ги негуваат нервните клетки. Нивната афродизијачка моќ дополнете ја со чашка водка за апсолутно уживање. Ванила: поради својот сладок мирис има еуфоричен ефект и влијае на сексуалната мрзеливост и унапредување на централниот нервен систем. Само неколку капки во вашата бања и препуштете се на сензуалното расположение во спалната соба. Мошус: верувале или не, многу експерти го делат мислењето дека мирисот на мошус наликува на мирисот на тестотерон т.е. машкиот хормон. Не мора да значи дека на секоја жена и се допаѓа тој мирис, но сепак вреди да се проба.

Остави коментар

Почетна // живот // љубов и секс // Афодизијак
Горе