Како да го привлечете спротивниот пол?

24 септември, 20100
monica-bellucci

Секој човек треба да се обиде да го научи говорот на телото на личноста која му се допаѓа. Но исто така, треба да се научи како телото ни реагира на личноста што ни се допаѓа. Колку сме свесни за невербалните пораки што ги испраќаме кон потенцијалниот партнер.
Следен пат кога ќе почувствувате дека некој ве привлекува, каде и да се наоѓа, запрете за момент и обидете се да размислите за вашите реакции кон таа личност. Дали вашето тело ги открива работите, кои умот се обидува да ги сокрие?
На срамежливите личности најважно им е да соберат храброст и да воспостават контакт со очите. Свртување на телото кон личноста што ви се допаѓа и дава сигнал дека сте заинтересирани за неа. Само бидете претпазливи да не бидете пребрзо прочитани.
Истражувањата покажуваат дека мажите не се толку добри во примањето на сигнали, а исто така и во испраќање на истите, за разлика од понежниот пол. Жените многу по ефикасно ја изразуваат заинтересираноста, па на мажите ќе им понуди широк дијапазон на индикатори, кои можат да бидат од голема помош за романтично поврзување на две личности. Мажите нудат многу помалку, а и она што го нудат може да има двосмислено значење. Најчесто, мажите ја подместуваат косата, краватата или пак си играат со копчињата на кошулата. Некои со тоа сакаат да им дадат сигнал на жените кои им се допаѓаат, а некои едноставно не се чувствуваат удобно. Доколку некој маж интензивно ве гледа во очи и пределот околу вратот, голема е веројатноста дека му се допаѓате, пишува во книгата “Говорот на телото“ од Џејмс Борг. Би било добро за само неколку секунди да можеме да дознаеме кому се допаѓаме, а кому не, или пак да бидеме способни да откриеме разлика кога станува збор за пријателско однесување, а кога за привлечност. Затоа е многу важно да ги научите знаците кои се испраќаат со телото, бидејќи така полесно ќе процениме дали станува збор за привлечност меѓу две личности или не.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *