20 септември, 2019

Радио

Љубовниот живот е комплициран токму поради тоа што дозволуваме да донесуваме одлука врз моменталните чувства. Истражувањата на емоциите покажале дека тие се резултат на нашите верувања, вредности и проценките на некои луѓе и ситуации. Овие верувања и поими кои иако имаат смисла може да бидат погрешни. Тоа е причината зошто нашето “срце” толку многу греши. Станува јасно дека за квалитетна врска или брак, не се доволни силната наклонетост или одличната желба за секс, па дури и интезивната љубов. Ако емоциите не се доволни, тогаш како да се избере доволно добар партнер за животен сопатник, таткото или мајката на своите деца? На повеќето луѓе важно им е партнерот да им се допаѓа физички, да ги привлекува. Од вкусот се гради и емоционалниот однос. Покрај тоа важен е оној другиот дел, освен физичкиот изглед, партнерот да има квалитети кои многу ги цениме а да има помалку маани кои многу ни пречат. Спремноста за врска зависи од емоционалниот развој. Само емоционално зрелите луѓе се спремни и сакаат да имаат некого покрај себе, некој на кого можат да се потпрат но, и да му дадат многу. Добар избор се прави само кога луѓето знаат што сакаат. Кога имаат јасни очекувања и јасен концепт за сопствениот живот. Исто како кога се снима филм. Имате скрипта, концепт за филмот, знаете за што се работи, па врз основа на тоа ги бирате актерите. Дел од актерите се добри за акциони филмови но, не се добри за семејните филмови. Добро е да знаете во какви “филмови” досега глумел вашиот партнер. Освен тоа, за да врската успее потребо е да се негува, активно да се гради и да се брани.

Остави коментар

Почетна // живот // љубов и секс // Како да се избере идеален партнер
Горе