3 совети за убавина кои не важат

24 септември, 20100
soveti za ubavina koi ne vazat

Чоколадото и мрсната храна создаваат акни. Слободно џвакајте си ги омилените коцки чоколадо или пицата со феферони, бидејќи нема да предизвикаат појава на несаканите мозолки на вашето лице. Единствената храна која може да предизвика создавање на акни и мозолки се суши, школки и соја сос, бидејќи содржат високо ниво на јод кој е поврзан со воспаленија на кожата. Сувата кожа предизвикува брчки. Изложувањето на сонце е причина број еден за создавање на брчки и дегенерација на колагенот. Затоа, ако сакате крема која ќе ве заштити од несаканите линии на лицето, треба да употребувате висок заштитен фактор од сончевите зраци и креми против стареење со антиоксиданси, како витамин Ц. Ладната вода ги намалува порите
Ладната вода ги стега крвните садови, а со тоа и самата кожа ја чувствувате затегната и цврста. Но, на овој начин само се минимизира нивното појавување на површина за краток период. Кога порите ќе се исполнат со масти и мртви клетки од кожата, стануваат се поголеми. Најдобар избор за чистење на порите се козметичките производи со салицилна киселина. И уште еднаш, порите се шират кога го губите колагенот, а главна причина за тоа е сонцето. Затоа, употребувајте креми со висок заштитен фактор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *