Грешки кои ве прават 10 години постари

23 септември, 20100
01look

Секоја жена знае каков ефект може да направи добрата шминка. Ако се нашминкате како што треба, може да бидете ѕвезда на вечерта, но и најмала грешка во количина или нијанса, може повеќе да ви наштети отколку да ви користи.
Подлогата ги пополнува брчките?
Мислите дека со подлогата ги сокривате брчките? Прекумерната употреба на пудра може само да ги истакне повеќе. Трик: пробајте после нанесувањето на подлогата, со благ притисок да поминете со памук преку целото лице. Со тоа ќе го отстраните вишокот шминка и ќе дадете изедначен изглед на целата кожа.
Избегнување на моливи за очи?
Иако веќе саботните вечери ви завршуваат во недела наутро, нема потреба да се одбегнува шминкањето на очите. Како старееме, нашите капаци се спуштаат надоле спрема аглите, а тука маскарата и моливот за очи можат вистински да помогнат. Со црн молив за очи исцртајте линија која ќе се задебелува кон надворешниот агол, потоа со механизам навиткајте ги трепките и нанесете маскара.
Не практикувате пилинг на телото?
Како старееме, се повеќе време е потребно за мртвите ќелии да паднат од кожата. Но ако еднаш или два пати неделно правите пилинг на вашето тело, бидете уверени дека ќе му го вратите младешкиот сјај. Трик: промешајте пченкарно брашно и мед, па направете пилинг на кожата.
Погрешен кармин?
Металик или кармини кои се прелеваат изгледаат одлично на манекенките, но не и во 30-тите години. Пробајте некој кармин со поблаг отсјај и не премногу јака боја.
Груби фризури
Најголем број од ѕвездите кои се во зрелите години носат фризури кои се потстрижени во слоеви. И за тоа постои причина, бидејќи грубо потстрижените рамни фризури ги прават очите да изгледаат спуштени, а со тоа и лицето изгледа потажно.
Запоставување на дланките
Зошто потрошено време во мачкање на лицето со креми, кога дланките најмногу ги откриваат нашите години? Еднаш во неделата намачкајте ги дланките со пилинг кремата која ја користите за лице. Би било добро секое утро да нанесувате крема со заштитен фактор, а секоја вечер да се мачкате со ретинол, како би се избориле со брчките и да ја одржите кожата цврста.
Не користите крема за сонце?
Можете да заборавите на конецот за заби, но не и на кремата за сончање. Еве ја причината: скоро сите бори на лицето настануваат од сонце, и доколку го прескокнете нанесувањето на кремата за сонце, практично ги привикувате брчките. Само неколку минути наутро ќе ви зачуваат години на вашето лице. Затоа почнете сега, заблагодарете се подоцна.
Шминкање со металик или ладни нијанси
Заборавете го овој тип, бидејќи се премногу остри и ги истакнуваат ситните брчки околу очите. Наместо нив, користете сенки за очи кои имаат благ отсјај на светлина.
Претерување со бронзеното руменило
Сите сакаат да изгледаат како да поминале една недела на плажа. Меѓутоа, овие бои можат да ви додадат неколку години плус, бидејќи даваат уморен изглед. Наместо нанесување руменило по цело лице, нанесете само на јаболкниците, линијата околу косата и минимално на носот и брадата.
Давање преголемо значење на коректорот
Претерување со коректорот под очите може да биде исто толку ефектно како и да сте ги оставиле подочниците да се видат. Трик: со многу тенка четкичка нанесете течен коректор под очите, внимавајќи кај надворешните агли каде што бојата е најкритична. Довршете ја линијата со малку пудра во прав.
Запомнете, шминката треба да помогне да ја нагласите вашата природна убавина, не да ја замени. Вистинска шминка е онаа која нема да биде приметена на вашето лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi