Посебна нега за кожата во зима

16 декември, 20100
Girls_Girl_on_snow_026671_

Кожата е најголемиот орган, кој е склон на многу иритации во текот на зимата. Затоа е потребно во овој дел од годината да и посветите особено внимание на кожата, со посебна нега. Еве неколку предлози за тоа што треба да правите во зима. Еднаш неделно правете пилинг на вашата кожа. Во зима обновувањето на горниот слој на клетки на лицето е успорено. Затоа ни козметичките препарати не помагаат. Потребо е да ги симнувате мртвите клетки со пилинг, за вашата кожа да може да добие на еластичност и свежина. Користете купки со масло. Само така ќе може да и го вратите ph балансот на вашата кожа, и да го спречите нејзиното сушење. Со овие купки на зима, ќе ја подобрите и лимфната дренажа на кожата. Ниските температури, греењето во просториите во кои седите, предизвикуваат иритација на кожата на рацето и нејзино сушење. Затоа се препорачува често да ги мачкате со крема за раце. Кожата на телото мачкајте ја со лосиони и млека за да го спречите сушењето и непријатното чешање. Користете креми и лосиони кои содржат масло од бадем, кокос, авокадо, шипка, избегнувајте ги кремите кои се парфимирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi