Честа, а непозната болест

23 септември, 20100
feet

Синдромот на немирни нозе (RLS-Restless Legs Syndrome), е невролошка болест за која се тврди дека е најчеста меѓу непознатите болести, оние за кои никогаш не сме слушнале. Епидемиолошките резултати покажуваат дека симптомот на РЛС го имаат 5 до 10% од општата популација во светот. Тежината на болеста варира, а се смета дека околу 3% од возрасните луѓе имаат симптоми за кои посетуваат доктор, 0,5% се деца од 8 до 11 години, а на секои 100 адолесценти од 12 до 17 години, еден боледува од оваа болест. Болеста се карактеризира со потреба за мрдање на нозете и чувство на непријатност како боцкање, студенило и црв кој шета низ нив. Причината за настанување на оваа болест сеуште е непозната. Се смета дека наследните фактори имаат голема улога, бидејќи во истражувањата се покажало дека 40 до 90% од лицата со РЛС синдром, имале роднини со слични тегоби. Овој симптом може да биде и показател за други болести како анемија, недостаток на витамин В12 и ниско ниво на фолна киселина и магнезиум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *