Девојките паѓаат на романтична музика

30 ноември, 20100

Најкраткиот пат да се стигне до срцето на една жена изгледа е преку ушите. Едно истражување, направено токму за оваа тема е објавено во магазинот Психологија на музиката. Во оваа студија испитуван е ефектот на романтичната музика врз жените од 18 до 20 години. Истражувањето е направено така што, додека девојките стоеле во редот и чекале, им била пуштена музика. На еден дел, им биле пуштени романтични балади а на другата половина нешто неутрално. При тоа било пуштено едно момче во редот, кое било дел од оваа студија. Тој им приоѓал на девојките со разговор и при тоа им го барал телефонскиот број. 52% од девојките кои слушале романтична музика се согласиле да му го дадат контактот на момчето, додека пак само 28% од девојките кои слушале неутрална музика се согласиле да го дадат својот контакт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *