Идентификувајте ја болката во вашата глава: 5 вида главоболки

22 септември, 20100
headache

Важно е да се одреди од кој тип на главоболка страдате: од притисок, периодична главоболка, синусна, повратна главоболка и мигрена. Главоболка предизвикана од притисок e всушност најчестата главоболка. Таа се одликува со константни болки околу главата, особено позади кај вратот. Не е толку тешка како мигрената, не се одликува со вртоглавица и повраќање и не би ве спречила да продолжите со нормалните секојдневни активности. Овој тип на главоболка може да се лекува со аспирин, ибупрофен и ацетаминофен.
Периодична главоболка што се одликува со болки и солзи во очите е случај кој е почест кај мажите отколку кај жените и претставува главоболка која циклусно се повторува. Главните причини се генетски, додека други причини не се познати. Посебен лек за овој тип главоболка не постои, но стандардните лекови ја намалуваат.
Синусна главоболка е главоболка предизвикана од воспаление на синусите, кое најчесто е предизвикано од некоја инфекција. Овој тип на главоболка може да се лекува со антибиотици како антихистамин или деконгестант.
Повратната главоболка е предизвикана како контра ефект од зголемена употреба на апчиња против болки и сл. Овде е и поуката да не се злоупотребуваат лекарствата. Како помош за овој тип на главоболка можеме да ги наведеме аспиринот, ацетаминофен или ибупрофен, како и други лекови, но со докторска препорака.
Мигрената произлегува од невролошко нарушување, а се дефинира според одредени критериуми како: барем пет претходни епизоди на главоболка кои траат помеѓу 4 и 72 часа; постоење на барем два од овие симптоми: болка на едната страна, мачнини, умерени до тешки болки, болка која попречува во секојдневните активности, вртоглавица и повраќање или силна чувствителност на светлина и звук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *