Изоставете ги газираните пијалоци

24 октомври, 20100

Сте слушнале за предупредувањето дека безалкохолните пијалоци засладени со високо фруктозен сируп ќе ја саботираат вашата диета. И како дел од вашиот план за елеминирање на вишокот килограми сигурно ги елеминиравте газираните сокови, па жедта ја гасите со вода и свежо цедените сокови. Неодамнешните истражувања ќе ве направат среќни што сте сте го напарвиле тоа. Истражувањата покажуваат дека внесувањето на кока кола во организмот е сериозен фактор за намалување на коскената маса т.е намалување на коскената минерална густина а со тоа и појава на остеопороза, особено кај постарите жени. Коскената минерална густина се однесува на минералната густина на калциумот. Кога коската станува по лесна, помалку густа, и многу порозна има зголемен ризик од фрактура. При едно научно истражување во еден од истражувачките центри на Универзитетот Tuft откриено е дека кока колата има огромно влијание врз цврстината на коските и тоа кај жените кои секојдневно го внесуваат овој пијалок. Значи освен што овој пијалок влијае на тежината исто така влијае и на цврстината на коските. За разлика од кока колата, еден свежо исцеден сок кој има 60 калории ке ни овозможи внесување на 12 гр протеини кои ке ги чуваат нашите коси здрави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi