Јодот, важен минерал за телото

24 ноември, 20100

Јодот е микроелемент, кој е важен за нормално извршување на повеќе функции во телото и не е потребен во големи количини, за да ги извршува овие функции правилно. Како микроелемент 75% од јодот завршува во штитната жлезда. Јодот е составен дел на двa важни хормони, за оваа жлезда. За секој дел од телото, овие хормони се неопходни. Овие хормони го регулираат производството на енергија и ги регулира основните метаболички процеси. Тироидните хормони помагаат да се контролира менталниот развој и севкупниот раст кај децата. Бремените жени кои не внесуваат доволни количини на јод, го зголемуваат ризикот детето да се роди со одреден степен на ментална ретардација.
Ако некогаш сте се исекле малку, вашите родители ставиле малку сол на тоа место. Тоа е затоа што јодот е антисептик.
Јодот вообичаено се додава во кујнската сол, така луѓето обично ја добиваат потребната количина на овој минерал. Јодот е исто така присутен во морска храна. Овошјето и зеленчукот од крајбрежните области се исто така добар извор на јод. Препорачаната дневна доза за возрасни е 150 милиграми на ден. За бремени жени и доилки, се препорачува помеѓу 160 и 200 милиграми дневно. Симптоми кои се јавуваат како резултат на дефицит на јод во вашето тело се летаргија, намалени рефлекси, спор метаболизам, сува кожа. Доколку телото е подолго време со овој дефицит, може да дојде до проширување на тироидната жлезда, бидејќи таа е под притисок да создаде адекватно ниво на хормони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi