Мала дневна доза на аспирин може да спречи појава на рак

25 ноември, 20100

Ниска доза на аспирин, внесена за да се намали ризикот од срцев или мозочен удар, исто така може да го намали ризикот од колоректален карцином или рак на дебелото црево, велат британските доктори. Д-р Петар Ротвел и неговиот колега, Џон Ретклиф во болницата во Оксфорд, докажаа дека внесот на аспирин во телото, го намалува ризикот од колоректален карцином за една четвртина, и ризикот од смрт од оваа болест за една третина. Овој вид на рак, рак на дебелото црево, инаку е втор по зачестеност во развиените земји, по ракот на белите дробови, кој е најчест. Експертите дошле до овој заклучок по разгледување на резултатите од четири големи студии, во кои биле вклучени вкупно 14.000 луѓе. Половина од нив земале мали дневни дози на аспирин, за превенција од срцеви заболувања. Ваквите ниски дози на аспирин се сметаат за многу побезбедни,бидејќи голема количина може да предизвика крварење во желудникот и цревата. Во текот на околу 18 години, од студиите, кај 2,8 %од учесниците се појавило рак на дебелото црево. Во исто време, оние кои внесувале ниски дози на аспирин, ризикот да се добие рак на дебелото црево за речиси 20 години, е намален за 24%, а смртноста кај овој тип на рак за 35%. Експертите од Оксфорд сметаат дека лекарите треба да им препишат ниска доза на аспирин, како форма на примарната превенција кај пациентите со колоректален карцином. Па дури и кај оние пациенти кои се изложени на зголемен ризик од овие малигноми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi