Оргазам без физички допир

27 септември, 20100

Пред неколку години, научниците започнале снимање на женскиот мозок за време на оргазам, со надеж дека ќе видат што се случува во тие моменти и дали навистина е возможно да се постигне оргазам, без директен контакт со партнерот. Центрите за задоволство во мозокот што се поврзани со оргазмот, се вклучуваат кај жените кои сами себе се доведуваат до оргазам, како и кај оние кои користат конвенционални методи. Тие исти центри не се вклучуваат кога жената глуми оргазам, објаснува д-р Бери Комисарук, автор на книгата “Наука на оргазмот“. Испитаните жени се доведувале себеси до оргазам на различни начини. Некои користеле комбинација од вежби за дишење и фантазирање, додека другите користеле вежби за карлица, пишува Daily Mail. За разлика од женскиот, машкиот мозок е насочен кон физичкиот контакт и симулација на секс. На мажите им е битен контактот, додека на жените опуштеноста и намалувањето на напнатоста. Жените, колку повеќе вежбале, толку полесно постигнувале оргазам. Постојат и многу други работи поврзани за сексуалноста на жените, кои во не можат во целост да се разберат, изјавил д-р. Комисарук. Скенирањето на женскиот мозок за време на секс покажало дека делот кој е задолжен за регулирање на страв, нервоза и емоциии, ја намалува својата активност кога се ближи моментот на доживување оргазам, додека за време на самата екстаза, тој е практично исклучен, што ја доведува жената до некаква состојба на транс. Според сексуалниот терапевт Поли Хал, ова се случува поради тоа што жените мораат да остварат целосна опуштеност и безбедност, како би можеле комплетно да уживаат во сексот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *