Подигање на свесноста за ракот на дојката кај жените

23 септември, 20100
Girl-1-Web

Алармантни се резултатите од американскиот национален институт, кој проценува дека околу 2.400.000 жени со рак на дојката преживеале во 2004 година, но и дека од тогаш, со 3,5% на годишно ниво, се зголемува бројот на жени со оваа болест. И за жал, ова значи повеќе смртни случаи во текот на 2008 и 2009 година, освен ако жените не стануваат посвесни за ризикот и не одат на редовните скрининг тестови, со што болеста би се открила порано. Најлесен метод се редовните самопрегледи. Многу релевантни медицински вебсајтови на жените им обезбедуваат информации за самоиспитување на градите, преку процесот чекор по чекор. На пазарот веќе е излезен и нов инструмент наречен Кју, кој може да се стави кај тушот во бањата. Тоа е диск кој ги потсетува жените за најдоброто време во месецот за да ги испитаат градите, и исто така обезбедува потсетници кога е време за мамограм. Препораките гласат дека жените над 40 години треба да прават самоиспитувања еднаш месечно, да практикуваат тестирање на мамограм еднаш во две години, а еднаш годишно за жени кои се изложени на висок ризик поради генетски фактори, семејни или еколошки. Ако грутката се детектира, обично следи биопсијата со која се утврдува дали истата е малигна или бенигна. Освен овие специфични испитувања, сепак здравиот начин на живот секојдневно може да ви помогне да се намали ризикот од рак. Храната богата со бета каротен и растителни влакна, како морковите, мешунките и житарките, имаат антиоксидантни својства и влијаат за намалување на ризикот од рак. Храната пак богата со заситени масти, како што е црвеното месо, маргаринот, одредени видови сирења, може да го зголеми овој ризик. И секако, избегнување на цигарите и алкохолот, а повеќе вежбање и физичка активност. Ширењето на свеста, особено кај младата популација и популацијата во руралните средини е поважна од кога и да е. Неколку мали чекори може да ве доведат кон навремено откривање на оваа болест, која се повеќе ги намалува старосните граници за заболување и спасување на животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi