Со гимнастика на лицето се спречува појавата на брчки

30 август, 20170
5

Со само 15 мин дневно, посветени на нашето лице може да го спречиме стареењето и појавувањето на брчки. Постои еден природен начин како да го задржите младешкиот изглед на вашата кожа, а тоа е да правите гимнастика на лицето. Со правење на разни гримаси, со стискање на веѓите со палецот и показалецот извлекувајќи ги нагоре ќе ги опфатите брчките на очните капаци, а брчките на челото се намалуваат со притискање на челото со прстите додека се смеете.Потоа притиснете ја брадата и вовлечете ги усните во внатрешноста на усната шуплина. Ставете ги показалците на ваште подочници и при тоа отворете ја устата како при изговарање на буквата О. Ова се само дел од вежбите кои се препорачуваат. Времетраењето на вежбањето зависи од возраста. За жените од 25 – 30 години се препорачува да ги прават овие вежби еднаш неделно по 15 минути, затоа што на оваа возраст тие треба да се трудат да го задржат обемот и мускулатурата на лицето. За жените на возраст од 30 – 50 години се препорачува да ја имаат оваа навика на вежбање барем три пати неделно, со што би ја задржале мускулната маса, бидејќи во средните години таа полека почнува да се намалува. При тоа се препорачуваат и некакви третмани со цел да се задржи еластичноста, цврстината, дебелината на кожата и со тоа ќе се спречи појавата на брчки.За жените над 50 години се препорачува овој вид на вежбање да го прават секојдневно, бидејќи на оваа возраст поради дехидрирање на кожата и намалување на мускулната маса се случуваат големи промени на вашето лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi