Со појадокот против дебелеењето

25 октомври, 2010

Борбата со дебелината треба да се започне со навиките за здрава исхрана. Една од клучните е да не се откажете од доручекот. Со здравиот и обилен појадок обезбедувате енергија за вашето тело и добар почеток на денот. Нутриционистите се сложуваат дека доручекот не треба да се изостави. Додека да се внесе храна во организмот, телото ги троши резервите, а кога неможе повеќе да издржи се јавува замор, намалена концентрација, вртоглавица. Кога ќе се појави умор и малаксаност јадеме било што, јадеме во големи количини, најчесто јаглехидрати,масти и слатки. Затоа нутриционистите даваат неколку предлози за здрав доручек, кој ќе ни овозможи доволно енергија за почетокот на денот. Кифла или било кое друго пециво со јогурт е стандарден, брз и добар доручек. Во оваа група спаѓаат муслите и корнфлексот со јогурт или млеко. Некои избираат да јадат само овошје. И тоа се е подобро отколку да го прескокнете доручекот. Секако треба да се истакне дека муслите и корнфлексот имаат ниска калорична вредност, но сепак вие избирате. Може да започнете со свежо цеден сок од портокал, потоа јаглено хидрати најдобро интегрални, парче интегрален леб,двопек или корнфлекс, мусли или овошни снегулки. Два децилитри млеко, две и пол децилитри ниско калоричен јогурт, или 150 гр немасно сирење имаат приближно иста калорична вредност, така што двопекот или парчето леб можете да го искомбинирате со некои од овие млечни производи. Доколку сакате наместо млечни производи може да земете белковини. Едно јајце или една виршла или 30 гр шунка кои имаат приближно исто калории во комбинација со парче интегрален леб обезбедуваат доволна количина на калории која нема да ја зголеми вашата тежина. Доколу се одлучите за салата од зеленчук марула, домати, краставица, пиперка со парче леб ќе ги внесете ензими кои се потребни за подобро варење на храната.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi