Совети за здрава коса

22 ноември, 20100

Веќе добро ни се познати причинителите за лошиот изглед на нашата коса, како што се: нездрава исхрана, седење во климатизирани простории, фризерски третирања на косата, како што се бојадисување, фенирање и сл, строги диети, стресот и слично. Затоа треба да обрнеме внимание на нив. Доколку сакате да имате здрава и убава коса потребо е да и посветите малку повеќе внимание. Најпрво тргнете од изборот на четката со која ја чешлате косата. Внимавајте на тоа таа да е со влакна од природно потекло. Кога ја миете косата направете подолга масажа од 15 минути, на коренот, со што би се зголемила циркулацијата и ќе го пттикнете растот на косата. Не ја мијте косата секој ден, затоа што таа најдобро се храни од природните масти што самата си ги создава. Шампонот нека биде благ, избегнувајте шампони кои на нив пишува дека го потикнуваат растот и сл, затоа што се многу јаки и можат да доведат до сушење на скалпот и со тоа до спротивниот ефект. Пожелно е во шампонот да капнете 6-7 капки од некое етерично масло при миење на косата. Ефектот многу набрзо ќе го забележите. Здравата исхрана може значително да го подобри квалитетот на вашата коса. Се препорачува да земате пивски квасец, тој има голема улога за квалитетот на вашата коса, нокти и кожа. Секојдневно паѓаат од 70- 150 влакна. Но, доколку ја малтретирате косата опаѓањето може да се зголеми и за 50% повеќе. Зголеменото опаѓање на косата може да сигнализира анемичност. Се препорачува користење на домашни маски, со кои ќе и дадете живост на косата. Маските правете ги сами , мешајќи јајца, мед, етерични масла или пак направете маска од испасирано зрело авокадо со една лажица ѓумбир во прав. Маската држете ја од 20- 30 минути, и потоа одмијте ја со млака вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *