Термичките терапии помагаат во лекување на ракот

16 декември, 20100
Thermal_Therapy_Pictures_002

Затоплување на туморот и околното ткиво на 43 степени ги уништува клетките на ракот и им помага на цитостатиците подобро да функционираат – велат германски истражувачи. Пациентите со рак, кои примиле хемотерапија, додека нивните тумори биле подложени на термичка обработка, се многу поголеми шансите да се излечат од рак одколку оние кои биле лекувани само со цитостатици. Покрај тоа, употребата на топлинската терапија придонесува за намалување на дозите на хемотерапевтски агенси. Термо терапијата за рак вклучува техника позната како ”hyperthermia”- користење на фокусирана електромагнетна енергија за греење на ткивото околу туморот и на туморот, на температура помеѓу 40 и 43 целзиусови степени. Температура не само што ги уништува клетките на ракот, придонесува лековите земени против ракот да делуваат подобро, бидејќи тоа ги прави клетките на ракот почувствителни. Исто така, топлината ја подобрува циркулацијата и на тој начин придонесува за цитостатик акција – вели проф. Ралф Иселсод Универзитетот во Минхен, кој со своите колеги ги презентираше резултатите од ова истражување на Европскиот Конгрес за рак во Берлин. Германските истражувачи применуваат термичка терапија кај пациенти со малигни тумори на меките ткива и мускулите, масното ткиво и ткивото околу зглобовите. Тоа покажало дека термичката обработка дава двапати поуспешен резултат кај пациенти чии тумори реагирале на хемотерапијата. Особено важно е дека оваа топлина на туморското ткиво не дозволува да се зголемат несаканите ефекти од хемотерапијата. Новата технологија за термичка терапија на карциноми, веќе се користи во Германија, Швајцарија, Холандија, САД и други клиники во светот. Оваа терапија покажа охрабрувачки резултати во карциноми на дојката и грлото на матката, како и на панкреасот и ректумот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi