Умерено со алкохолот

24 октомври, 20100

Истражувањата покажуваат различни ефекти на алкохолот врз сексуалноста кај мажите и жените. Ова е најверојатно резултат од физичките и социјалните разлики. Количината на алкохолот која се конзумира има големо влијание на тоа дали алкохолот ќе има негативни сексуални ефекти. Направени се различни испитувања, врз различни групи ( луѓе кои никогаш не конзумираат алкохол, луѓе кои умерено конзумираат алкохол и алкохоличари). Како најголем фактор за тоа дали присуството на алкохолот ќе постигне позитивни или негативни сексуални ефекти се јавува личносто изјаснување за алкохолот. Процентуално кај жените, преовладуваат оние кои мислат дека алкохолот ќе им помогне при постигнувањето на повисоко ниво на сексуална возбуда, поголема самодоверба,и поинтезивни оргазми. Затоа и алкохолот го нарекуваат храброст во шише. Додека пак кај мажите при сите научни истражувања утврдена е појава на негативен ефект на алкохолот врз успешниот секс. Како најчести проблеми кај мажите при конзумација на алкохол се: тешкотија во добивање и одржување на ерекција, ниво на тешкотија и одложување на ејакулација, зголемена сексуална агресија, неплодност. Како заедничка констатација од досегашните испитувања е дека алкохолот во поголеми количини сепак може да постигне само негативни ефекти врз успешниот секс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *