17 септември, 2019

Радио

Калциумот е најзасастапен минерал во човековото тело, и има неколку важни функции. Повеќе од 99% од вкупната содржина на калциумот се чува во коските и забите каде функционира за да обезбеди структура, а останатот 1% се наоѓа во крвта, мускулите, како флуид помеѓу клетките. Коската е подложна на континуирано надоградување, со постојано разградување и таложење на калциум во нова формација. Рамнотежата помеѓу разградувањето и таложењето на калциумот е различна и е условена од возраста. Во периодот на детството има повисок степен на коскена формација а помалку разградување. Во раниот и средниот период од зрелоста овие процеси се речиси еднакви. Во староста и особено кај жените во постменопаузниот период процесот на формирање на коската е завршен и процесот на разградување е доминантен, што резултира со губење на коскената маса а со тоа и зголемување на ризикот од остеопороза. На прашањето дали доволно внесуваме калциум во нашето тело, научниците препорачуваат дневната доза на внесување на калциум да изнесува 1000 милиграми, за лица од 18-50 год. Што се однесува на лицата кои ја навршиле педесетата препораката е 1200 милиграми дневно. Калциумот е најмногу застапен во млекото, јогуртот, сирењето, а во големи количини е застапен и во житото, оризот, сојата, лиснатиот зеленчук како што е спанаќот, брокулата,кељот, во лососот, сардината, морските плодови, бадемите.

Остави коментар

Почетна // живот // здравје // Зошто е важен калциумот
Горе