“Чудесен лек“ за сите видови рак ?

27 јуни, 20110
laboratory

Британските научници соопштија дека откриле начин на кој еден вид лек за рак на дојката, кои тамошните медиуми го нарекуваат “чудесен лек“, може да биде ефикасен и во борбата против другите видови на рак. Во прашање се лековите познати како ПАРП инхибитори, кои влијаат на механизмот со кој ќелиите на туморот можат да закрепнат од оштетување.

Според тврдењата на научниците од Њукасл, ова откритие би можело да доведе до производство на нови лекови кои ќе доведат до намалување на голем број, а можеби и на сите видови малигни тумори, додека непријатните и несакани појави од овие видови на лекови, како што се уморот и мачнината, би биле сведени на минимум.

Според досегашните сознанија, ПАРП инхибиторите делуваат пред се на наследните видови на рак на дојката, но и на ракот на јајниците, простата и панкреасот, и тоа така што ги користат нивните “ахилови пети“, недостаток во гените наречен БРЦА, кој ја ограничува способноста на ќелиите да ја поправат оштетеноста на својата ДНК.

Овој вид на лек делува директно на туморот и го убива притоа не оштетувајќи го околното ткиво на здравите ќелии, и затоа има несомнена предност во однос на вообичаените методи на лекување на ракот со зрачење и хемотерапија.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi