100 Најпознати личности на сите времиња – дванаесетти дел

16 август, 20110
naslovnapoznati

52. Julia Roberts

Родена на 28 октомври 1967 година, во Грузија. Американска филмска актерка и поранешен модел. Има стекнато светска слава во 1990 година, благодарение на улогата во драмата “Убава жена“, а подоцна и со улогите во романтичните комедии. Најпознатите од нив се “Венчавката на мојот најдобар пријател“, “Јас верувам во љубовта“ и “Невестата бегалка“. За својата улога во драмата “Ерин Брокович“ во 2000 година беше наградена со Златен Глобус, BAFTA и со Оскар за најдобра актерка. После овој филм, нејзината кариера започна да стагнира, се до 2010 година кога ја доби улогата во романтичната драма, “Јади, моли  и сакај“. Вкупната заработувачка од филмската индустрија и се проценува на 2,4 милијарди долари, што ја прави една од најуспешните и најбогатите актерки на сите времиња.

Julia Roberts

51. Harrison Ford

Роден на 13 јули 1942 година во Чикаго. Американски филмски актер и продуцент. Тој е познат по својата главна улога во продолженијата на филмот Индијана Џонс. Првата своја поголема улога ја имал во филмот “Американски Графити“ во 1973 година, а после оваа улога имаше неколку помали улоги во филмовите, за да го докаже својот талент во: “Војна на ѕвездите: Нова надеж“, “Војна на ѕвездите: Имеријата го возвраќа удари“, “Војна на ѕвездите: Враќањето на Џедаја“, “Патриотски игри“, “Непосредба опасност“ и уште многу. Номиниран за Оскар – во категоријата најдобар глумец во филмот “Сведок“ (од 1985 година).

Harrison Ford

50. Jack Nicholson

Роден на 22 април во Њујорк. Американски филмски актер, режисер, сценарист и продуцент. Во почетокот на неговата кариера играл во нискобуџетни, а најчесто хорор филмови. Со неговата улога во филмот “Еаsy Rider“ од 1969 година се здобива со светска слава. Набрзо потоа започнуваат да се редат голем број на значајни улоги. Добитник на три Оскари за најдобра главна машка улога, шест награди Златен Глобус и четири BAFT награди.

Jack Nicholson

49. Plato

Роден во 427 година п.н.е, а починал на 347 година п.н.е. Познат грчки филозоф, ученик на Socrates, учител на Aristotle, писател и основач на Академијата во Атина. Plato ја обожавал математиката, а ја сметал за основа на човековиот дух. Неговите следбеници биле т.н. питагорејците. Над вратата на својата школа го ставил известувањето: „Нека не влегува никој кој не знае геометрија“.

Главно влијание врз Plato извршил Socrates на кој му ги посветил речиси сите свои дела. Негови познати дела се “Држава“, “Гозба“, “Федон“, “Софист“ и “Тимај“.

Plato

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *