100 Најпознати личности на сите времиња – IV дел

26 јули, 20110
poznati-naslovna

88.  Bob Hope

Роден на 29 мај 1903 година, а починал на 27 јули 2003 година. Познат американски актер и комичар, роден во Велика Британија. Има настапувано на Бродвеј, работено во радио, глумено во филмови. Неговата кариера најмногу се карактеризира по настапите за американските вооружени сили за време на турнеите организирани од страна на USO. Покрај неговата кариера и тоа што претставуваше еден од најпопуларните личности во Холивуд, тој исто така беше познат и по неговата добротворна работа. Во 1996 година Американскиот Конгрес му додели признание за “Прв и единствен почесен ветеран на американските вооружени сили“.

 

87.  Steve Martin

Роден на 14 август 1945 година. Познат американски актер, комичар, писател, продуцент, музичар и композитор.

Се прослави како комичар настапувајќи во најгледаните телевизиски емисии “Вечерно шоу со Johonny Karson“ и во “Уживање во сабота навечер“ (1970 година). Во 1977 година го сними својот прв албум со вицеви “Се намалуваме“ и доживеа одличен успех. Со следниот албум “Дивиот луд тип“ (1978 година), доживеа уште поголем успех.

Првата филмска улога ја доби во филмот“Расеаниот келнер“ (1977 година). Неговата кариера ја зацврстија улогите во следните филмови: “Оркестар на осамените срца“ (1978 година), “Јунаците од Мапет Шоу одат во Холивуд“ (1979 година), а понатаму следуваа: “Билмез“, “Човек со два мозока“, “Три амигоси“, “Роксана“, “Авиони, возови, автомобили“, “Таткото на невестата“, “Шпански затвореник“, “Пинк Пантер“ и уште многу други.

 

86.   Pamela Anderson

Родена на 1 јули 1967 година. Канадско-американска актерка, модел, продуцент, автор, позната по нејзината улога во телевизиските серии “Само свој мајстор“, “Чувари на плажата“и “ВИП“.

Во февруари 1990 година беше избрана за девојка на месецот и се сликаше за Playboy. Извесен период беше позната како Pamela Anderson Lee, откако стапи во брак со тапанарот Tommy Lee, меѓутоа, бракот им беше полн со скандали, проблеми и неколку пати се разделуваа за на крајот да го завршат со развод. За голем број луѓе, Anderson претставува секс симбол за деведесетите.

 

85. David Letterman

Роден на 12 април 1947 година. Американски телевизиски водител и комичар. Тој е водител на телевизиското ток-шоу,  “Доцното вечерно шоу на David Latterman” кое се емитува на NBC, во доцните часови. За неговото шоу, вечерниот термин му е обезбеден уште во далечната 1982 година. Само Latterman и неговиот “ментор“ Johnny Carson имаат загарантирани емисии во ноќните часови. Покрај тоа што Latterman е познат водител, тој исто така е и филмски продуцент. Неговата компанија Worldwide Pants го продуцира неговото шоу, како и на шоуто “Доцниот Доцна шоу на Craig Ferguson”. Исто така, Worldwide Pants имаше продуцирано неколку успешни комедии меѓу кои е и “Сите го сакаат Reymond”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi