5 албуми кои ќе го „збудалат“ светот! Доаѓаат скоро-за бој СПРЕМНИ! :)

8 август, 20110
5 албуми кои ќе го „збудалат“ светот! Доаѓаат скоро-за бој СПРЕМНИ! :)

Верувале или не, до крајот на 2011 година останаа неполни пет месеци, а имаме чуство дека светската музичка сцена во изминатите седум не ни понуди доволно добар материјал за пресулушување.

Издвоивме малку време и истражувавме кои пет албуми на славните музички имиња и бендови, треба да го видат светлото на денот до крајот на оваа година. Од Алис Купер до Дејвид Гета, изворот е различен, има за секој по нешто.

 

Легендарната британска група Блур, наскоро ќе го издаде својот нов албум, на кој ќе засвират огириналните членови од бендот, кои од 2003 година и албумот Think Tank  направија подолга пауза. Повторно се обединија во 2008, а сега на своите обожаватели ќе им дадат и нов материјал.

httpv://www.youtube.com/watch?v=g2DFwzZA_ls

Иако се најавуваше дека овој бенд наскоро може да престане да постои, изгледа ќе почекаме за тоа, бидејќи Coldplay издаваат нов албум. Албумот кој треба да излезе на 24 октомври именуван е како Mylo Xyloto, а фронтменот Крис Мартин изјавил дека овој албум е далеку по „акустичен и интимен“, за разлика од предходните.

httpv://www.youtube.com/watch?v=fyMhvkC3A84

Еден од најочекуваните албуми е секако оној на американскиот бенд, Red Hot Chili Peppers насловен I’m with You. Последниот нивни албум Stadium Arcadium, беше издаден во 2006 година, по што бендот направи пауза, а сега се враќаат посилни од било кога. Албумот треба да излезе во продажба на 26 август.

httpv://www.youtube.com/watch?v=H8QoB3sifzw

Легендарниот Алис Купер исто така го најави својот нов албум под името Welcome 2 My Nightmare. Иако не беше баш тешко да се смисли името, бидејќи тоа е континуирана верзија на неговиот албум Welcome to My Nightmare од 1975 година.

httpv://www.youtube.com/watch?v=QGn7QbcoEuM

Откако во изминатата година дена тој буквално ја освои клубската и DJ сцена, а стана и стана еден од најбараните продуценти кој соработуваше со многу звучни имиња како Мадона, Кели Роланд, The Black Eyed Peas и други. Францускиот DJ Дејвид Гета го подготви својот нов петти албум со наслов Nothing But The Bea. Албумот ќе биде објавен на 26 август.

httpv://www.youtube.com/watch?v=p4kVWCSzfK4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit