5 начина како да се откажете “најлесно” од пушењто!

21 август, 20110
quit-smoking

Секој ден слушаме и читаме колку цигарите се штетни за нашето здравје. Сепак, според статистиката, во Македонија има многу поголем број на пушачи во споредба со останатите европски земји. Затоа, ви претставуваме план во 5 чекори кој ќе ви помогне полесно да се откажете од пушењето.

  1. Припремете се:
  • Направете детална листа зошто сакате да се откажете од пушењето
  • Водете дневник за тоа кога сте запалиле цигара и што ве натерало
  • Истражете какви можности постојат во вашето место на живеење кои можат да ви помогнат во откажувањето од цигарите
  • Зацртајте си дата кога конечно ќе ги оставите цигарите засекогаш
  1. Побарајте помош:
  • Побарајте совет од вашиот лекар
  • Приклучете се на некоја програма за одвикнување од пушење
  • Вклучете се на некоја онлајн група за поддршка (ги има многу)
  • Разговарајте со семејството и пријателите и кажете им каква поддршка очекувате од нив
  • Водете дневник за искуството што го поминувате додека се одвикнувате
  1. Направете стратегија
  • Запишете се на јога и медитирајте
  • Почнете да вежбате
  • Разговарајте со психолог или психијатар
  • Истражете какви производи постојат кои ќе го заменат никотинот
  1. Разговарајте со вашиот лекар да ви препише некои лекарства кои ќе ви помогнат
  • Истажете ги сите лекарства кои можат да ви помогнат
  • Истражете ги симптомите на откажување
  1. Спречете се себеси кога имате желба да запалите цигара
  • Научете како да се справите со желбата да запалите цигара. Ваквата потреба обично трае само околу 3 минути
  • Погрижете се првите неколку дена да бидете „зафатени“ со секакви активности
  • Кога ќе имате потреба да запалите цигара, вдишувајте длабоко додека не помине
  • Кога ќе помислите на цигара, зборувајте со некого или пешачете

 

Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат. Запомнете, дури и ако не успеете „од прва“, не се откажувајте!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *